МОК со признание за стенд-ап комичарите Атанас и Тино

Денес, на прес-конференцијата одржана по повод претстојниот голем настан „На линија со Атанас и Тино“, Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) официјално им оддаде признание на нашите најпознати стенд-ап комичари, Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски.

Настанот, кој ќе се одржи на 21 и 23 ноември во СЦ Јане Сандански, беше повод Претседателот на МОК, г-дин Даниел Димевски, и Генералниот секретарот, г-дин Ѓорѓи Тасев, лично да им врачат признанија на популарното дуо.

„Атанас и Тино се повеќе од само успешен проект; тие се вистински амбасадори на позитивната мисла. Секогаш носат неверојатна енергија која е заразна и инспиративна. Нивниот успех е доказ дека талентот, кога е споен со напорна работа, ги поместува границите,“ истакнаа од Олимпискиот Комитет.

Овој гест од страна на највисоката спортска институција во земјата е во знак на препознавање на извонредноста што Атанас и Тино ја покажуваат во својата работа, како и за илјадниците насмевки што ги предизвикаа кај публиката при нивните досегашни настапи во СЦ Јане Сандански.

Се вчитува...