Моќен Баерн и без Левандовски: Шест „парчиња“ во мрежата на Ајнтрахт за почеток на сезоната (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја покажа сета своја моќ на стартот од новата бундеслигашка сезона, триумфирајќи убедливо со 1-6 на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт на отворањето на новата сезона во Германија.

Освојувачот на Лигата на Европа се надеваше дека на домашен терен би можел да го изненади бранителот на германската круна, но не само што тоа не се случи, туку Баерн по само едно полувреме стигна до предност од огромни 0-5.

Кимих од слободен удар од триесетина метри го отвори резултатот и го најави гол-шоуто во Франкфурт, а по капитенот на Баерн меѓу стрелците се запишаа и Павар, Мане, Мусиала и Гнабри, сето тоа до 43. минута од средбата.

Ниту во најмал момент Баерн Минхен на стартот од сезоната не дозволи да се почувствува отсуството на Роберт Левандовски.

Во второто полувреме домашните успеаја да постигнат почесен гол преку Коло Муани во 64. минута, а Баерн во 83. минута со вториот гол на Мусиала ги постави конечните 1-6.

Се вчитува...