Моќен старт на Ливерпул: Салах и Мане доволни за Вест Хем

Посакуван старт на Ливерпул во новата сезона во Премиер лигата со убедлива победа од 4-0 (2-0) против Вест Хем.

Уште од самиот старт на натпреварот беше јасно дека избраниците на Јирген Клоп нема да дозволат никакво изненадување на „Енфилд“. Почетната доминација беше крунисана со погодок во 19. минута преку Мохамед Салах кој реализираше од непосредна близина на асистенција на Робертсон.

Пред полувремето по слична акција погоди и Мане, кој на 3-0 зголеми со гол во 53. минута.


Конечните 4-0 ги постави нововлезениот Стариџ во 88. минута.

Во вториот натпревар во истиот термин попладнево Саутемптон одигра без голови на домашен терен против Барнли.

Се вчитува...