Моќен триумф на ЛА Клиперс, Јанис доминираше против Сан Антонио

ЛА Клиперс со извонредно издание стигна до убедлива победа од 125-98 над екипата на Шарлот. Триумфот беше најавен со одличната прва четвртина што домашните кошаркари ја добија со 37-21, предност што успеаја дополнително да ја зголемат до крајот на мечот. Пол Џорџ ги предводеше стрелците кај победничкиот тим со 21 поен, пред Ленард со 17, Мен со 16 и Вилијамс со 15 поени, додека прв стрелец кај Шарлот беше Бриџис со 21 постигнат поени.

Милвоки предводен од Јанис Адетокумбо забележа победа во пресметката со Сан Антонио (120-113). Грчкиот „ѕвер“ се подреди на колективот, па покрај 26-те поени имаше и 15 успешни асистенции.

Само еден ден откако загубија на домашен терен од Голден Стејт, кошаркарите на Мемфис синоќа го добија вториот дуел со „воините“ со резултат 111-103. Брукс и Валанчиунас ги предводеа стрелците во победничкиот тим со по 19 поени, додека кај Голден Стејт во отсуство на повредениот Кари најефикасни беа Пул со 26 и Вигинс со 20 поени.

Резултати НБА:

Мемфис – Голден Стејт 111-103, Филаделфија – Сакраменто 129-105, Милвоки – Сан Антонио 120-113, ЛА Клиперс – Шарлот 125-98.

Се вчитува...