Моќна Барселона триумфално во Мајорка…, Трајковски без минутажа (ВИДЕО)

Моќно враќање на Барселона на терените во Ла Лига триумфирајќи убедливо со 0-4 на гостувањето против Мајорка во 28. коло.

Видал уште во 2. минута донесе предност за каталонскиот тим, а Брајтвајт во 37. минута пред полувремето донесе 0-2.


Во вториот дел, Алба во 80. минута зголеми на 0-3, а Лионел Меси заокружи на конечни 0-4 во 93. минута.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски не доби можност за настап, останувајќи само на клупата за резервни фудбалери кај Мајорка.

По оваа победа Барселона со 61 бода, се издвои на пет бода пред Реал Мадрид кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...