Моќна порака од Федерер за Надал (ФОТО)

Рафаел Надал победувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето го освои 13. трофеј на Ролан Гарос и дојде до 20. титула од грен-слем турнирите. Со тоа се израмни со Роџер Федерер според бројот на освоени пехари од најголемите турнири. Признание за ова историско постигнување доби токму од Федерер. Швајцарецот објави заеднича фотографија од добротворниот турнир за неговата фондација во Кејптаун во февруари годинава и напиша емотивно обраќање за како што рече „мојот пријател Рафа“.

„Секогаш сум имал најдлабока почит за мојот пријател Рафа како човек и како шампион. Тој ми беше најголемиот ривал многу години и мислам дека заедно се поттурнувавме да станеме подобри играчи. Затоа, за мене е вистинска чест да ти ја честитам 20. грен-слем титула. Исто така му честитам и на твојот тим затоа што никој не може да го постигне ова сам. Се надевам дека оваа 20-та ќе биде само еден чекор во твоето патување. Добро направено Рафа. Го заслужи“ – напиша Федерер.

 

 

 

 

 

Се вчитува...