МОЌНА ПРЕТСТАВА НА „ТОДОР ПРОЕСКИ“: Македонија има предност на полувремето! (ВИДЕО)

Македонската репрезентација има посакувана предност од 1-0 на полувремето против Исланд во одлучувачкиот натпревар за второто место во Групата Ј и место во баражот за пласман на СП 2022. Низ извонреден фудбал Македонија можеше да има и поубедлива предност, во полувреме со дури 12 шута кон противничкиот гол од кои шест директно во рамките на голот на Исланд, еден погодок и еден поништен гол.

Агресивниот почеток веднаш веќе во 2. минута донесе одлична шанса за Трајковски но неговиот шут откосо од левата страна за малку завршува покрај дирекот од голот на Исланд. Веќе во 4. минута и Елмас шутира од 16 метри, но Олафсон со крајни напори брани исфрлајќи во корнер.

И тоталната офанзива вроди со плод во 7. минута, кога Трајковски одлично по левата страна го проигра Езгијан Алиоски а левокрилниот дефанзивец испраќа „бомба“ откосо за прекрасен погодок за водство од 1-0.

По погодокот и натаму ја продолжи иницијативата пред гостинскиот гол. Се редеа можности, но непрецизно завршија обидите на Дарко Велковски по корнерот во 22. минута, како и на Енис Барди во 24. минута. И во 26. минута 100% шанса за Милан Ристовски кој избива сам пред гостинскиот гол, но Олафсон брани.

Во 37. минута уште еден обид, овој пат со глава, на Милан Ристовки, но над голот на Исланѓаните.

А, во 41. минута и поништен погодок за Македонија. По шутот на Алиоски и одбиената топка од гостинскиот голман, Чурлинов од 7-8 метри ја тресе мрежата, но по ВАР-проверката голот е поништен затоа што Чурлинов е милиметри во офсајд-позиција.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022 – ГРУПА Ј (10. коло)
МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД (1-0)
Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 17.000. Судија: Давиде Маса (Италија). Стрелци: Алиоски 7′ (М).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Костадинов, Елмас, Чурлинов, Трајковски, М. Ристовски
Селектор: Благоја Милевски
ИСЛАНД: Олафсон, Саеверсон, Гретарсон, Бјарнасон, Тораринсон, Јоханесон, Б. Бјарнасон, Тордардсон, Гудмундсон, Гудјонсен, Торстеинсон
Селектор: Арнар Видарсон

Се вчитува...