Моќната Барса го „здроби“ и Зенит

Барселона продолжува со максималниот ефект во Евролигата, триумфирајќи и по петти пат и во 5. коло од најсилната европска кошаркарска лига.

Каталонците во 5. коло убедливо со 84-58 славеа против Зенит Петербург. Победникот на натпреварот беше одлучен веќе по првото полувреме кога Барселона се стекна со предност од 44-27.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Миротиќ со 20 поени, а Брендон Дејвис запиша 11 поени. Во поразениот тим ниту еден играч не успеа да има двоцифрен ефект, а најефикасни беа Понитка и Лојд со по 8 постигнати поени.

Претходно Басконија славеше против Монако со 78-66.

Се вчитува...