Моќниот Ѓоковиќ супериорен против Иснер за стартен триумф во Лондон

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ одигра речиси перфектен меч против Џон Иснер во првото коло од групната фаза на Финалниот мастерс во Лондон и забележа лесна и рутнска победа од 2-0 во сетови.

Битката траеше 74 минути, а во нив, Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6-4, а во вториот беше уште посигруен и му препушти на противникот еден гем помалку.

За Ѓоковиќ ова беше деветта победа во 11-та пресметка со американскиот тенисер.

Српскиот тенисер кој се обидува да дојде до шестиот трофеј од завршниот турнир во годината во второт коло, в среда ќе се сретне со Александар Зверев кој исто така забележа стартна победа. Во воведното коло го победи Марин Чилиќ.

 

 

Се вчитува...