Моќниот ПСЖ посрамотен од Монако (ВИДЕО)

Испаѓањето од Лигата на шампионите на ПСЖ очигледно оставило големи последици врз избраниците на Маурицио Покетино. Попладнево „ѕвездите“ на ПСЖ беа катастрофално поразени од Монако со 3-0.

Не е за оправдување ниту неиграњето на Меси, па така во нападот беа Нејмар и Мбапе, но тоа не беше доволно денеска за подобар резултат од кнежеството.

Монако поведе со голот на Бен Једер во 25. минута откако одлично и итро го совлада Донарума. На 2-0 зголеми Фоланд во 68. минута, а Бен Једер во 84. минута ги постави конечните 3-0.

Се вчитува...