Моќниот ПСЖ со „петарда“ против Монпеље (ВИДЕО)

ПСЖ оваа сезона игра уште подобро и по моќно во однос за претходната, очигледно мотивирани, „светците“ се острат за новите предизвици во претстојната сезона. Тимот од Париз во второто коло од Лига 1 славеше со 5-2 против Монпеље.

Иако Нерјмар, Меси и Мбапе доминираа уште на самиот старт, за првиот гол се чекаше 39. минута, кога Фалаје Сакуко си постигна автогол за водство на ПСЖ од 1-0. Постоа на сцена стапи Нејмар, кој од пенал во 43. минута зголеми на 2-0.

Бразилецот го твори и вториот дел, кога во 52. минута постигна уште еден гол, овојпат за предност од 3-0. Гостите за момент намалија преку Вабхи Кахаџари на 3-1 во 59. минута. Сепак, по десет минути игра Мбапе погоди за 4-1. До крајот на мечот Ренато Санчез го запиша својот дебитантски гол, додека гостите постигнаа втор гол за мала утеха во „петардата“ на ПСЖ.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...