Англискиот премиерлигаш Њукасл добива нов сопственик, саудискиот принц Мохамед бин Салман кој го купи клубот за 300 милиони фунти, а тој веднаш ќе инвестира и дополнителни 200 милиони фунти за ангажман на нови фудбалери. Иако се уште не е познато името на новиот менаџер кој ќе го предводи Њукасл следната сезона, раководството тргна во купување на квалитетни фудбалери.
Моќта си чини своето, па сега Њукасл ќе купува фудбалери од европските гиганти. Интересот е насочен кон Лукас Хернандез, дефанзивецот на Баерн Минхен, кој е најскапото засилување ке пристигнало на „Алијанц арена“ за сума од 80 милиони евра. Тој беше повреден во најголемиот тек од сезоната, одигра само 14 натпревари во дресот на Баерн Минхен, па нема да биде чудно ако баварскиот клуб сака да си ги врати вложените пари и се обиде да го продаде по само една година. Њукасл е подготвен да плати 80 милиони евра и да го доведе во Премиер – лигата. Цел на преговори на Фелипе Кутињо, кој се уште е член на Баерн Минхен, но всушност е позајмен играч од редовите на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА