Молдавците во последните секунди од првиот дел израмнија со Силекс (ВИДЕО)

Силекс не успеа да ја задржи предноста на полувремето против молдавски Петрокуб во првото квалификацико коло од новата УЕФА Конференциска лига.

И покрај водство на кратовци со голот на Додевски уште од 5. минута на средбата, гостите сепак успеаја да израмнат пред паузата на дуелот кој се игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Молдавците до израмнувањето за 1-1 на полувремето дојдоа дури во четвртата минута од судиското продолжение со голот на Серџу Платика, по мешаницата пред голот на Силекс по нафрлувањето од десната страна.

Се вчитува...