Молк во Минхен: Чукуезе го елиминираше Баерн, Вилјареал е во полуфинале! (ВИДЕО)

Екипата на Вилјареал е сензационален полуфиналист во Лигата на шампионите, откако вечерва во Минхен приреди сензација, и со 1-1 се пласираше меѓу најдобите четири.

По слабиот прв дел од двете страни, во вториот дел Баерн тргна крајно офанзивно. Тоа им успеа, затоа што Левандовски во 52. минута донесе предност. Цело време Баерн се обидуваше да дојде до втор гол, но не успеа.

Очигледна беше намерата на „Баварците“ да стигнат до 2-0 во регуларниот дел, и да го решат прашањето на победникот, меѓутоа тоа им се одби од глава во 88. минута кога по еден противнапад, Морено додаде до Чукуезе, кој погоди во мрежата на Нојер за израмнување и со тоа да го однесе Вилјареал во полуфиналето вторпат во својата историја.

Вилјареал го чека подобриот од дуелот Ливерпул – Бенфика. Ливерпул има предност од 3-1 по првиот меч.

Се вчитува...