Момчето кое одигра феноменална партија во Палермо, Висар Муслиу: Оваа шанса е можеби еднаш во животот, мора да ја искористиме!

Висар Муслиу одигра феноменална партија во Палермо, уште еднаш потврдувајќи ги сите свои квалитети.

Како што нагласи пред првиот тренинг по враќањето од Италија, Муслиу силно верува дека секој во репрезентацијата ќе го даде максимумот за да се искористи оваа укажана шанса за пласман на СП 2022.

„Заврши еуфоријата по мечот со Италија, емоциите ги контролираме, и секако целиот поглед сега е кон мечот со Португалија. Знаеме дека оваа шанса е можеби за нас еднаш во животот и затоа ќе дадеме се од себе да го оствариме нашиот сон“ – вели дефанзивецот на Ингелштад.

Според Муслиу сега ќе биде многу поразличен натпревар од оној во Палермо но сите во националниот тим и тоа како носат нов мотив за докажување.

„Секој натпревар е различен. Не чека многу тежок меч сега кој ќе биде секако поразличен од оној со Италија. Сега чувствуваме притисок и ние, а секако и тие. На хартија јасно е дека тие се фаворити, но ете се виде и во Палермо дека на терен се докажува квалитетот, и секој својата шанса и за желба за победа“ – дополнува Муслиу.

Се вчитува...