Момент кој предизвика тензии: Ибраими глумеше пенал, па доби картон… (ВИДЕО)

Шкендија беше далеку подобар противник од Вардар во првиот дел од дерби пресметката на стартот од новата сезона. Но, сепак не успеа да стигне до посакуваниот погодок и покрај шансите на Хасани, Радески, Жуниор, Ибраими…

Еден момент предизвика тензии на теренот кога во 24. минута Бесарт Ибраими се обиде да изнуди пенал. Сепак, очигледно е дека немаше никаков контакт со капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров, па Ибраими на крајот сосема заслужено доби жолт картон од судијата Димитар Мечкаровски за глума.

Се вчитува...