Вчерашната програма на Плазма Спортските игри за млади беше резервирана за Ол-стар мечот. Традиционално, на меѓународното финале, младите „симовци“ добиваат можност да заиграат фудбал рамо до рамо со познати спортски имиња од целиот свет.
Вечерната програма на Плазма Спортските игри за млади беше резервирана за Ол-стар мечот. Традиционално, на меѓународното финале, младите „симовци“ добиваат можност да заиграат фудбал рамо до рамо со познати спортски имиња од целиот свет.
Оваа година оваа посебна привилегија ја имаа и четири македонски деца – Енис Ферати, Енес Ферати, Фета Ферати и Ања Милеска. Тие беа дел од тимот на младите ѕвезди, составен од деца од Македонија, Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.
А можноста да се дели теренот со вистински спортски легенди е искуство кое се памети цел живот. На спротивната страна беа имиња како Златан Ибрахимовиќ, Никола Карабатиќ и Немања Видиќ, додека тимот беше предводен од Жељко Обрадовиќ и Предраг Даниловиќ.
Крајниот резултат беше 4:4, но овојпат резултатот беше во втор план. Многу поважно беше искуството што младите „симовци“ го понесоа со себе и пораката која ја испрати овој натпревар, а тоа е дека во спортот сите се еднакви и секој има право да се натпреварува, без разлика од каде доаѓа.
Спортот поврзува, создава пријателства и ги учи децата на вредности кои се многу поголеми од самиот резултат: почит, дисциплина, тимски дух и фер-плеј.
За Македонија ова е прво учество на меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, кое годинава се одржува во Сплит. А за четворицата наши млади претставници, ова ќе остане како една од оние спортски приказни кои се раскажуваат цел живот – приказна за денот кога заиграа на ист терен со своите спортски идоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
