Моментот кој ја промени кариерата на Ѓоковиќ: „Од тој момент Новак стана вистински шампион“

Познатиот тениски стручњак Гил Грос гостуваше на подкастот „Анализа на натпреварите во понеделник“ каде меѓу другото говореше и за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за кој изнесе неколку интересни ставови.

Грос говореше за пресвртот во кариерата на Ѓоковиќ анализирајќи го финалниот натпревар на Вимблдон во 2014 година кога Србинот во битката за трофеј се сретна со Роџер Федерер и забележа победа.

„Тврдам дека квалитетот беше подобар во 2014 година. Мислам дека тој меч не добива големо внимание особено ако се земе во предвид дека беше пресврт на кариерата за Ѓоковиќ. Од тој натпревар Ѓоковиќ стана човек кој неверојатно се носи со големите натпревари, подобро од било кој пред него, вистински шампион, а пред тој ден воопшто не беше така, напротив. Новак загуби многу финални натпревари до тој меч. Мислам дека со него тогаш беше Борис Бекер и таа победа над Федерер во пет сетови, во финалето на Вимблдон му даде самодоверба да продолжи да победува на големите финални натпревари и го донесе таму каде што е денеска“, изјави Гил.

Се вчитува...