Момир Илиќ заминува во пензија

Момир Илиќ донесе одлука да ја заврши својата професионална кариера, одбивајќи неколку понуди за ангажман по истекот на договорот со Веспрем. Неколку германски екипи не ја криеја желбата да го донесат Илиќ во своите редови, но „српскиот бомбардер“ остана дециден на ставот – Веспрем да биде последниот клуб во неговата професионална кариера.

Момир Илиќ ја почна професионалната кариера во Аранѓеловац, по што се пресели во српскиот прволигаш Колубара, од каде во 2002 година замина во Фиделинка Суботица. Првиот интернационален трансфер го имаше во 2004 година, кога се пресели во Горење Велење, од каде потоа замина во Германија, најпрвин во Гумерсбах, а потоа и во Кил, клуб со кој стигна до две титули во Лигата на шампионите.

Овогодинешниот настап на Ф4 турнирот во Келн ќе биде петти во кариерата на Илиќ, во обид да стигне до првата европска круна како член на Веспрем.

Се вчитува...