Монако без проблеми против Лориен за нови три бода

Монако стигна до нови три бода во француското првенство откако во 31. коло славеше на домашен терен против Лорен со 3-1.

Победата „кнезевите“ ја најавија уште во првото полувреме во кое стрелаа Диата и Головин за предност од 2-0 по 45. минута игра, а победата ја потврди Воланд во 55. минута. Поразот го ублажи Коне од белата точка во 86. минута.

Со тоа Монако стигна до 61 бод во сезоната со кој останува во игра за едно од местата кои водат во Лигата на Шампиони следната сезона. Лориен пак остнаува на средината на табелата со 45 освоени бодови.

Се вчитува...