Монако е шампион на Еврокупот – Роб Греј МВП! (ФОТО)

Монако е освојувачот на Еврокупот за сезоната 2020/21 откако францускиот состав во финалето од натпреварувањето славеше со 2-0 во серијата против рускиот состав Уникс. По победата на првиот меч кој беше одигран во Франција, на „црвено-белите“ го добија и неизвесниот натпревар во Казањ со 83-86.


За најкорисен играч на финалната серија беше избран американскиот бек Роб Греј кој денеска го предводеше својот тим со 25 поени, додека првиот финален меч го заврши со 23 поени и 4 скока.

Се вчитува...