Монако гледа кон Втората лига

Минатата сезона се бореше за врвот со Пари Сен Жермен, а оваа тимот на Монако е на самото дно од францускиот шампионат. Ниту промената на клупата и ангажманот на Тиери Анри не носи ефект. „Кнезовите“ го забележаа седмиот пораз, на гости против Реимс со 0-1, и со само седум освоени бода се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата која носи во понизок ранг.

Матие Сафаро во 24.минута беше стрелец на победничкиот погодок за Реимс. Ница на домашен терен го совлада Амиен со 1-0, а Ним беше убедлив на гостувањето против Дижон и славеше со 0-4.

Се вчитува...