Монако го доби дербито со Олимпик Лион (ВИДЕО)

Монако славеше со 2-0 во дерби натпреварот против Олимпик Лион како дел од 23. коло во француската Лига 1. Домаќините дилемите околу победникот ги решија уште во првите половина час од натпреварот.

Прво Жан Лукас уште во втората минута донесе водство од 1-0, додека во 27. Бен Једер ја удвои предноста. До крајот кнезовите успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 2-0.

 

 

Се вчитува...