Монако го изненади Лил и побегна од опасната зона

Резултатската криза е минато, тимот на Монако веќе шест кола не знае за пораз, а денешниот триумф на тешкото гостување во Лил им помогна на „кнезовите“ уште повеќе да се оддалечат од опасната зона во битката за опстанок.

Лил влезе во мечот како фаворит бидејќи моментно се наоѓа на второто место на табелата, но домашните играчи и покрај бројните шанси не успеаја да ја затресат мрежата на Субашиќ. Казната стигна во 87. минута, кога Винисиус одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и го совлада голманот на Лил, за огромна радост на тренерот Жардим и неговите избраници.

 

 

Се вчитува...