Монако го израмни неславниот рекорд на Динамо Загреб

Монако има катастрофална сезона и во домашното првенство, а разочарувањата продолжија и во Лигата на шампионите, каде Тиери Анри не успеа да ја најде победничката формула по заминувањето на Леонардо Жардим.

„Кнезовите“ го завршија својот настап како последни во групата А, а воедно и го израмнија неславниот рекорд на Динамо Загреб, како само втор клуб во историјата што две сезони по ред играл во групната фаза од ЛШ, но не успеал да забележи ниту една победа.

Со хрватскиот првак тоа беше случај во 2011 и во 2012 година, а на Монако му се случи во 2017 и во 2018 година.

Се вчитува...