Монако го купи Бен Једер, следна цел е Матуиди

Францускиот прволигаш Монако се засили со досегашниот напаѓач на Севилја, Висам Бен Једер. Тој доаѓа како замена за Радамел Фалкао кој ќе продолжи во Галатасарај. Раководството на „кнезовите“ не сака да има очајна сезона како минатата кога едвај избори опстанок и сака да го засили составот со уште неколку имиња пред крајот на летниот преоден рок.

Следната цел на Монако е Блес Матуиди. Тој не е во плановите на новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари и клубот гледа начин како да се ослободи од него. Неговата цена е околу 20 милиони евра, а Монако сака да го врати во Франција каде тој претходно го носеше дресот на Пари Сен Жермен.

 

Се вчитува...