Монако го отпушти Нико Ковач

Нико Ковач повеќе не е тренер на Монако откако управата на „кнезовите“ реши да ја прекине соработката со хрватскиот стратег. Овој клуб влезе со сериозни амбиции во новата сезона, но по неколкуте неочекувани порази се наоѓа на шестото место на табелата.

Управата веќе извесно време размислуваше за тренерска смена, за новогодишната пауза да биде искористена да му биде врачен отказ на Ковач. Незгодниот карактер на Хрватот повторно се покажа како важен фактор, Ковач беше отпуштен и од Баерн Минхен поради караница со Томас Милер и уште неколку првотимци, а овојпат бунтот на незадоволство од работата на тренерот го предводеше капитенот Висам Бен Једер.

Според првичните информации, главен фаворит за нов тренер на Монако е Џеси Марч, кој неодамна доби отказ од тренерската функција во бундеслигашот Лајпциг.

Се вчитува...