Монако го прегази Лориент

Фудбалерите на Монако го совладаа Лориент убедливо со 4-0 на домашен терен и се искачија на првото место на табелата во францускиот шампионат со 48 бода. „Кнезовите“ почнаа фуриозно од самиот старт и стигнаа до предност. Боскилија со два гола во 24. и во 28.минута донесе убаво водство, а Жермен до полувремето и третпат ја затресе мрежата на Лориент.

Во вториот дел, Жермен уште еднаш беше стрелец за конечни 4-0 за Монако.

All Goals & Highlights HD – Monaco 4-0 Lorient… by arcturusmedia33

Се вчитува...