Монако го совлада Анже ги задржа шансите за 3. место

Со победата над Анже на гостински терен, тимот на Монако ги задржа шансите за пласман на третата позиција на табелата во Франција, која носи учество во квалификациите за Лигата на шампионите идната сезона.

Тимот од малото Кнежество со головите на Головин во 45. и на Боаду во 60. минута имаше предност на ова гостуивање од 0-2. Сима во 64. минута го намали резултатот и донесе неизвесност во финишот.

Но гостинските играчи успеаја да го задржат водството и на крајот да освојат три бода. Сега на четири кола до крајот, Монако има шест бода негатива од Марсеј, кој вчера го загуби второто место со поразот кај Ленс.

Се вчитува...