Монако го суспендираше Анри

Францускиот прволигаш Монако одлучи да го суспендира тренерот Тјери Анри. Тој веќе нема да ги води тренинзите на првиот тим, откако доби суспензија за сите надлежности околу сениорскиот состав на „кнезовите“.

Анри не успеа да го извлече тимот од резултатска криза, напротив, состојбата е уште покритична. Тимот се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со само 15 освоени бода по 21.коло во францускиот шампионат.

Монако објави дека од утре тренинзите ќе ги води Франк Паси, а се очекува во најкус можен рок на кормилото да биде вратен Леонардо Жардим.

Се вчитува...