Монако им се врати на победите во Лига 1

Монако стави крај на серијата од три натпревари без победи и стигна до значајни три бода во битката за излез во европските натпреварувања следната сезона откако во 28. коло од Лига 1 славеше на гостувањето кај Ајачо со 0-2.

До победа „црвено-белите“ го предводеа Бен Једер со гол во 27. минута и Диата во 84. минута, а на домаќините не им помогна ниту црвениот картон на Бајала кој го заработи во 53. минута.

Се вчитува...