Монако имал криминална шема за заобиколување на системот

Лошите резултати сезонава не се единствениот проблем за Монако. Доаѓањето на Тјери Анри на тренерската позиција не донесе много добро за клубот кој сега се соочува и со обвинувања за криминално работење. Според документите кои ги објавува организацијата „Football leaks“ клубот од даночниот рај користел неколку начини за избегнување на регулативата за контрола на финансиското работење.

Монако за да им исплати повеќе од 10 проценти на агентите на фудбалерите со кои склучувал договори ги ангажирал на измислени советнички функции и така им го плаќал остатокот од договорената сумa. За ова постоеле дополнителни тајни договори.

Mонако правел и тајни договори со фудбалерите со кои требало да ја прoдолжи соработката откако тие ќе одиграле одреден број натпревари. Според регуалтивата во договрите не смее да има автоматско прдолжување на договорот. Па поради тоа, Маноко правел таканаречени „приватни договори“ кои не ги пријавувал во Лига 1. Вакви договори Монако имал со Ерик Абидал, Рикардо Карвалјо и со Жереми Тулалан. Потписник во име на Монако бил генералниот директор Вадим Василјев.

Третиот проблем за Монко е избегнувањето на исплаќањето на реалната сума во солидарниот фонд. Ваков е примерот со Радамел Фалкао. При неговиот трансфер клубот платил 500.000 евра помалку во солидарниот фонд со тоа што пријавил помала сума за трансферот, а потоа дополнителните пари на шпанскиот клуб му ги исплатил по други канали.

 

 

 

 

 

Се вчитува...