Монако му возврати на Олимпијакос, за 1-1 во серијата (ФОТО)

Кошаркарите на Монако му возвратија на Олимпијакос во плеј-офот од Евролигата, израмнувајќи во серијата на 1-1.

По првата победа на Грците, сега Монако славеше во вториот меч на гостински терен со 72-96.

Пресудна за победата беше втората четвртина која Монако ја доби со неверојатни 12-30, а потоа до крајот на дуелот ја одржуваше предноста за конечен убедлив триумф.

Најефикасен во победничкиот состав беше Џејмс со 23 поени, а Анџушиќ натпреварот го заврши со 19 постигнати поени. Кај Олимпијакос се издвои Везенков со 14 поени, а по 12 постигнаа Дорси и Папаниколау.

Се вчитува...