Монако не бил во ваква криза половина век!

Монако е непрепознатлив во новата сезона од францускиот шампионат. Тимот што лани се бореше за највисок пласман сега е закован при самото дно, со само една победа по 12 кола, и седум бода кои не даваат знаци дека „кнезовите“ се живи. Ниту промената на тренерската позиција и доаѓањето на Тиери Анри не ја промени ситуацијата.

Поразот од Реимс (1-0) само ја влоши клупската атмосфера, а Монако го тресе најголемата резултатска криза во последните 50 години. Анри ќе мора да најде излез од лошата ситуација.

„Мора да продолжиме напорно да работиме и да ја вратиме самодовербата. Потребна е една победа, да ’помирисаме крв’. Нема предавање, Монако е голем клуб и ќе се издигне над овие проблеми“, изјави Тиери Анри.

Се вчитува...