Монако не може да победи никако… Реми и со Ним!

И петти едноподруго натпревар фудбалерите на Монако не можат да стигнат до триумф во француската Лига 1. Во првиот натпревар од 6. коло, Монако вечерва пред своите навивачи одигра без победник (1-1) со екипата на Ним.

Гостите први дојдоа до предност со голот на Брианкон во 19. минута, а израмни Радамел Фалкао во 27. минута за конечни 1-1…

По ова реми Монако е со 6 бода од шест кола, додека Ним има 8 бода по првите шест рунди натпревари во лигата.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...