Монако се соочува со невозможна мисија да се врати од 0-2 во четвртфиналната серија со Олимпијакос, а „кнезовите“ згора на тоа имаат и огромни проблеми со играчкиот кадар во пресрет на третиот меч што е на програмата утре.
Најдобриот кошаркар на Монако, Мајк Џејмс, ќе го пропушти овој натпревар поради суспензија откако беше исклучен на претходниот дуел во Атина.
Згора на тоа, Монако во тимот ќе го нема ниту Алфа Диало, исклучително важен играч кој воедно беше избран и за најдобар дефанзивец во Евролигата сезонава. Крилниот кошаркар има незгодна повреда поради која ќе мора да отсуствува најмалку дваесетина дена.
На повреда се жали и Доминик Тајс, кој исто така нема да настапи утре, па целиот товар во борбата под рекетот ќе падне врз Хејс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
