Монако освои бод по голедата во Париз

Монако остана непоразен на „Паркот на принцовите“ играјќи 3-3 против актуелниот првак Пари Сен Жермен. „Кнезовите“ ја прекинаа победничката низа на ПСЖ покажувајќи дека имаат многу поголем квалитет од сегашната позиција на табелата, осмото место.

Нејмар во третата минута го доведе ПСЖ во водство, но Желсон Мартинс и Висам Бен Једер направија пресврт само десет минути подоцна. Бало Туре си постигна автогол во 24.минута за 2-2, а Нејмар од пенал повторно донесе предност за „светците“ во 42.минута.

Беше интересно и во вториот дел. Монако не се предаде и со голот на Ислам Слимани во 70.минута стигна до реми и еден бод.

Се вчитува...