Монако освои само бод во Кипар, Копенхаген за малку од готово-вересија против Кајрат (ВИДЕО)

Фудбалерите на Монако одиграа само реми 2-2 на гостувањето кај Пафос во натпревар од 5. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Минамино во 5. минута од натпреварот. Домаќините израмнија на 1-1 преку легендарниот Бразилец, Давид Луиз во 18. минута. До крајот на првиот дел беше 1-2 откако прецизно стрелаше Балогун во 26. минута. Во вториот дел домаќинот одигра храбро и на крајот успеа да стигне до голем бод 2-2 со автоголот на Салису во 88. минута.

Pafos 1-[2] Monaco – Folarin Balogun 26'
byu/Meladroit05 insoccer

Во вториот натпревар од денешната програма од 18.45 часот дански Копенхаген славеше на домашен терен против Кајрат Алмати со 3-2. Данците за малку ќе направеа од готово вересија бидејќи до 80. минута имаа предност од 3-0. Гостите успеаја да стигнат до 3-2, но немаа сила да направат целосен пресвсрт.

FC København 3-0 Kairat – Robert Silva 73'
byu/4gjdtokurwa insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

 

 

Се вчитува...