Монако победува, не ја дава лидерската позиција во Франција

Монако се врати на победите во францускиот шампионат, по претходното реми, триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Гингамп во 27. коло од Лига 1.

Монако имаше предност од 0-2 со головите на Глик во 24. минута и Фабињо од пенал во 86. минута, а домашните единствено успеаја да го ублажат поразот со голот на Дидо во 90. минута.

Kamil Glik Goal HD – Guingamp 0-1 Monaco 25.02… by LiveFootball28

По оваа победа Монако со 62 бода се зацврсти на лидерската позиција, со три бода повеќе од второпласираната Ница и шест бода повеќе од ПСЖ кој е на третото место, со натпревар помалку.

Се вчитува...