Монако сака да го купи Аријан Адеми

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е трансферна цел на францускиот клуб Монако. Раководството на „кнезовите“ се вклучува во трката со шпанскиот Бетис за ангажман на капитенот на Динамо Загреб.

„Модрите“ ја одбија првичната понуда на Бетис вредна 10 милиони евра, а се очекува Монако да понуди многу повеќе доколку сака да го добие потписот на Адеми. Тој веќе една деценија е член на Динамо Загреб, има одиграно 250 натпревари и постигнато 19 гола. За репрезентацијата на Македонија има 14 настапи и три постигнати гола.

 

Се вчитува...