Монако се израдува на опстанок во очајната сезона

Монако успеа да обезбеди опстанок во една од најлошите сезони во францускиот шампионат. „Кнезовите“ со триумфот над Каен од 2-0 создадоа три бода предност во однос на Каен кој се наоѓа во опасната зона на табелата, а во пресрет на последното коло имаат и подобра гол – разлика од овој тим. Радамел Фалкао и Александр Головин беа стрелци на головите за Монако на овој меч.

ПСЖ беше убедлив против Дижон и славеше со 4-0. Килијан Мбапе постигна два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Анхел Ди Марија и Единсон Кавани.

Лион со триумфот над Каен (4-0) и дефинитивно обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на шампионите. Мемфис Депај беше двоен стрелец,а погодија и Корне и Дембеле.

Се вчитува...