Монако се „лизна“ на домашен терен

Монако по четири победи во серија на домашен терен денеска не успеа да ја продолжи триумфалната серија, ремизирајќи само 0-0 против составот на Лориен.

„Кнезовите“ очекувано имаа доминација кога станува збор за поседот на топката, но не успеаја да ја преселат играта во противничкиот шеснаесетник и да создадат стопроцентни шанси пред голот на гостите.

Лориен дисциплинирано се бранеше и успеа да ја сочува мрежата незатресена, за освојување на значаен бод во битката за опстанок. За Монако ова пак се два загубени бода кои можат да се покажат како клучни во трката за излез во фудбалска Европа.

Се вчитува...