Монако со „брејк“ во Тел Авив и водство од 2-1

Кошаркарите на Монако поведоа во плеј-оф серијата во Евролигата над Макаби Тел Авив, откако вечерва на гостувањето во Израел триумфираа и практично го вратија „брејкот“ кој Макаби го направи на првиот натпревар меѓу овие два тима.

Макаби држеше „егал“ само во првите минути од средбата, а потоа Монако го презеде водството и го држеше до крајот, иако во финишот домашните стигнаа до -3 до противникот, но не дојдоа до пресврт и до победа.

Монако на крајот го доби мечот со 78-83 за втора победа во серијата. Следниот меч се игра исто во Тел Авив.

Најефикасен беше Џејмс со 21 поен, кај Макаби најдобар беше Колсон со 17.

Се вчитува...