Францускиот клуб Монако ја разгледува можноста да го врати напаѓачот Андре-Пјер Жињак во Ле шампионат. Тој од 2015 година настапува за тимот на Тигрес во првенството на Мексико, а „кнезовите“ во него ја гледаат замената за Радамел Фалкао, кој е на излезна врата од клубот.
32-годишниот напаѓач има постигнато 102 гола во кариерата во шампионатот на Франција, а дресот на „триколорите“ го носеше до 2016 година.
За Андре-Пјер Жињак се заинтересирани и турските клубови Галатасарај и Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА