Мончи: Џеко останува во Рома

Италијанскиот калчолигаш Рома го обезбеди третото место во Серија А и повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите, каде оваа сезона стигна далеку, до полуфиналето. Спортскиот директор Мончи веќе размислува за изгледот на тимот во следниот шампионат, а ги увери навивачите дека босанскиот интернационалец Един Џеко ќе остане на „Олимпико“ во Рим, иако има понуди и од Милан и од Челси.

„Џеко ќе остане со нас, ве уверувам во тоа. Очекувам и следната сезона да биде исто толку ефективен како и оваа, тој е нашето богатство“, изјави спортскиот директор на Рома.

Босанскиот голгетер во јануарскиот преоден рок беше на чекор до Челси, во последен момент се премисли, а потоа постигна низа клучни погодоци за овој тим во одличниот настап во Лигата на шампионите.

Се вчитува...