Мончи: Јас го продадов Салах, во спротивно немаше ни да играме во ЛШ

Рома загуби со 5-2 од Ливерпул на „Енфилд роуд“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а најдобар поединец на мечот беше Мохамед Салах, кој токму од редовите на „волчицата“ беше продаден во англискиот тим. Но, спортскиот директор Мончи тврди дека тоа било изнудено решение, а во спротивно италијанскиот клуб нема да можел ниту да игра во ЛШ оваа сезона поради финансискиот фер-плеј.

„Јас го продадов Салах. Морав да ја прифатам реалноста. Го продадов за нешто помалку од 42 милиони евра, но постои големо објаснување за тоа. Моравме да го продадеме до 30.јуни. Да не ја реализиравме зделката, немаше да ја поминеме контролата на УЕФА и немаше да играме во Лигата на шампионите, а не пак да стигнеме како сега – до полуфиналето. Кога стигнав јас во Рома, клубот имаше понуда за Салах од 30 милиони евра. Потоа на него, заедно со бонусите, заработивме околу 50 милиони евра“, објасни Мончи.

Се вчитува...