Мончи: Рома можеше да заработи повеќе од продажбата на Салах

Спортскиот директор на Рома, Рамон Вердехо Мончи, истакна дека клубот можеше повеќе да изнуди поголема сума од продажбата на Мохамед Салах во Ливерпул. „Римската волчица“ се договори со клубот од Мерсисајд на сума од 42 милиони евра со плус осум милиони евра во бонуси за услугите на египетскиот напаѓач, а според неговата брилијантна форма од почетокот на сезонава се чини дека сумата од 50 милиони евра е  сега е „багатела“.

„Сметам дека цената на Мо Салах можеше да биде уште поголема. Кога почнав да ја извршувам мојата функција во Рома, Ливерпул веќе имаше испратено понуда од 32 милиони евра плус три милиони евра во бонуси. На крајот остваривме компромис за вкупна вредност од 50 милиони евра, што тогаш претставуваше добар „дил“ за нас. Но, трансферите на Нејмар и Мбапе ги поместија границите на фудбалскиот пазар, па затоа сметам дека можевме да заработиме повеќе доколку трансферoт на Салах се случеше по рекордните трансфери на ПСЖ“, истакна директорот на Рома, Мончи.

Салах сезонава блесна во дресот на „редси“. Вчера го постигна вкупно 30. погодок за Ливерпул во големата победа над Порто со 5-0 во првиот дуел од осминафиналето во ЛШ, додека во Премиер – лигата засега брои 22 погодоци му „дише во врат“ на Хари Кејн во трката за најдобар стрелец во Англија.

Се вчитува...