Моника Селеш откри кој е најдобар тенисер на сите времиња

Легендарната тенисерка Моника Селеш го доби најтешкото прашање – Кој е најдобриот тенисер, Ноле, Рафа или Роџер?

“Кој е најголем? Тој што ќе остане најдолго здрав од тројцата”, рече “Мала Мо” и со тоа ги натера сите да размислат за кого мисли.

Борбата за „најдобриот на сите времиња“ продолжува, и ќе трае сè додека споменатите тенисери се активни, а одговорот на Моника Селеш е можеби најпрецизниот досега.

„Федерер засега е ‘најдолговечен’, иако неговите резултати се далеку од најдоброто ниво во цела деценија и само конкуренцијата и борбата со Надал и Ѓоковиќ го спречува да се повлече, додека ‘Бикот од Мајорка’ имаше најмногу повреди од ‘големата тројка’. Ѓоковиќ имаше повреди, но тој е најмладиот и најиздржливиот, веројатно зошто најмногу се грижи за својата диета и режим на исхрана, пред него дефинитивно се уште многу успешни сезони”, заклучи Селеш.

„Мала Мо“ за крај додаде дека младите денес имаат од кого да учат, а фановите на „белиот спорт“ треба да бидат среќни, зошто живеат во време на Федерер, Ѓоковиќ и Надал.

 „Секој од тројцата има различен стил на игра. Феноменално е што младите тенисери можат да научат од нивните игри и во исто време да видат дека има само еден начин да се стане шампион“, изјави легендарната Моника Селеш.

Само за потсетување, Селеш влезе во тениската историја откако успеа да го освои Ролан Гарос на 16-годишна возраст, има вкупно девет гранслем трофеи, а нејзината кариера ја одбележа нападот со нож за време на меч, по што мораше да мине подолго време надвор од терените.

Се вчитува...