Монпелје ја продолжи агонијата на Мешков Брест

Францускиот Монпелје славеше со 32-26 на домашен терен против Мешков Брест во 5. коло од групата А во Лигата на шампионите. Со овој триумф Французите ја продолжија агонијата на белорускиот шампион кој по пет кола е единствениот тим во елитното натпреварување кој нема освоено ниту еден бод.

Французите во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да помисли дека може со поволен резултат да замине од Франција.

Жулиен Бош со десет гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Баптист Бонефорд заврши со пет гола.

Се вчитува...