Монпелје ќе игра со Вардар, па ќе се врати дома со авганистанско семејство од Македонија

Експедицијата на Монпелје веќе е пристигната во Скопје за вечерашниот дуел со Вардар од ракометната Лига на Шампиони, а францускиот тим објави интересна вест – дека на враќање со себе ќе земе и семејство на бегалци од Авганистан што пристигна во Македонија по преземањето на контролата над државата од страна на талибанските власти.

Станува збор за Газнивал Хакимулах, поранешен градоначалник на Газни, град што е збратимен со Монпелје уште од 2003 година. Француските власти не успеаја да го доведат Газнивал и неговото семејство во земјата при евакуацијата, по што тие по бегството од Каул пристинаа во Македонија.

Денешното гостување на Монпелје ќе биде искористено за со истиот лет во Монпелје да пристигнат Газнивал Хакимулах, неговата сопруга, седумте деца и сопругата на неговиот највозрасен син.

Градоначалникот на Монпелје, Микаел Делафосе, го организирал патувањето заедно со претседателот на клубот, Жулиен Делжари, за ова авганистанско семејство да замине од Македонија и да се пресели во Франција.

Се вчитува...